Адел раздаде пари за време на концерт

Суперѕвездата Адел ја изненади пријатно публиката на концертот во Перт. Освен со музиката, таа ги израдува фановите и со банкноти од 20 долари.

Австралија 25 години не знае за рецесија

Економијата на Австралија во четвртиот квартал минатата година забележала силен раст со што оваа економија го продолжи 25 годишниот период без рецесија.

„Станува ли збор“ за данокот за домување?

Пратеник во парламентот од редовите на либералите вели дека владата на Турнбул активно ги разгледува промените на данокот за домување, за да ги направи подостапни.

Австралиската микронација доби нов принц

Микронацијата која се наоѓа во Западна Австралија доби нов лидер од кога 91 годишниот самопрогласен принц абдицираше поради лоша здравствена состојба.

Што вели науката за предностите и ризиците од обрежување

Австралиските истражувачи велат дека обрежувањето може да биде корисно колку и вакцинацијата при заштита на момчињата од одредени инфекции.

Прајминистерот Турнбул смета дека Трамп губи време со критиките кон медиумите

Американскиот претседател Доналд Трамп си го губи времето, напаѓајќи ги медиумите за нивните критички текстови за активностите на неговата Влада, изјави австралискиот прајминистер Малколм Турнбул, цитиран од британските медиуми.

Австралијците бегаат од населбите со муслимани за да си ги заштитат ќерките

Самоизолацијата станува реалност во Австралија каде што луѓето сè почесто ги напуштаат областите во кои се населени многу мигранти, особено исламско население, вели сенаторот Малколм Робертс, пренесува порталот „Брејтбарт".

Планирано е убивање на повеќе од еден милион кенгури годинава

Австралиските власти имаат во план оваа година да убијат повеќе од еден милион кенгури за да ги заштитат загрозените засади, дворишта, а и дивите животни, пренесува BBC.

Католичката црква исплати 276 милиони на жртвите на сексуално насилство во Австралија

Австралиската католичка црква исплати 276 милиони австралиски долари на жртвите кои биле сексуално злоупотребувани од 1980 година до денес.
Парите се поделени меѓу илјадници жртви, објави Кралската комисија за институционални одговори при сексуална злоупотреба на деца.

Гладис Берџиклиан избрана за премиерка на Нов Јужен Велс

Досегашната министерка за државен трезор, Гладис Бер­џик­ли­ан стана 45-от премиер на Нов Јужен Велс од кога за нов лидер едногласно ја одбра Либералната партија по формалната номинација за време на состанокот на клубот на пратеници во парламентот на Нов Јужен Велс. А Доминик Перотети, досегашниот министер за финансии е новиот заменик лидер на Либералната партија, соопшти Крис Патерсон, претставник на партијата.