Во Австралија пронајден најголемиот отпечаток од диносаурус

Истражувачи од Австралија го пронајдоа најголемиот отпечаток од диносаурус во светот досега, што и дава посебно место на земјата на палеонтолошката мапа.
Отпечатокот е од видот стегосауруси, и е со должина од 1,7 метра. Тоа е всушност само еден од вкупно 21 различен вид отпечатоци, најдени на полуостровот Дампир, што се наоѓа во северозападниот дел од Австралија.

- Претходно, за најголем отпечаток од стапало на диносаурус се сметаше оној пронајден во Монголската Пустина лани, кој што беше долг 106 сантиметри, изјави професорот Стив Салисбери, кој е дел од експедицијата.
Откритието е на научници од универзитетот „Џејмс Кук" во Квинсленд.