Пол Мекартни ќе прави концерти во Австралија и Нов Зеланд за прв пат по 24 години

Легендарниот британски музичар Пол Мекартни, кој пред неколку дена го прослави 75-тиот роденден, објави дека подоцна во текот на годината ќе одржи концерти во Австралија и Нов Зеланд за прв пат по 24 години, пренесоа светските агенции.

„Одам во Австралија и Нов Зеланд во декември, за да направиме неколку концерти. Не сум бил таму долго време, многу сум возбуден", изјавил Мекартни на Фејсбук.
Во Австралија носителот на 21 награда „Греми" ќе има настапи во Перт, Мелбурн, Бризбејн и Сиднеј. Концертот во Нов Зеланд ќе биде во Окленд. Поранешниот член на „Битлси" ќе настапи помеѓу 2 и 16 декември.
Концертите на Пол Макартни во Австралија и Нов Зеланд се дел од светската турнеја „One On One". Концертната турнеја на легендарниот музичар започна во 2016 година, носејќи го во 12 земји во кои направи 41 концерти пред вкупно над 1,2 милиони луѓе.