Австралија ќе продолжи со воздушните напади во Сирија

Австралија во четвртокот објави дека ќе ги продолжи воздушните напади во Сирија, со што ќе заврши дводневната суспензија што се спроведува по соборувањето на сирискиот воен авион што предизвика руска закана против авионите на коалицијата предводени од Вашингтон, пренесе Ројтерс.

„Суспензијата е укината", објави Министерството за одбрана на Австралија.
За одлуката за суспензија, министерството претходно изјави дека го воведува како „мерка на претпазливост".
Денес е донесена одлука за продолжување со воздушните напади во Сирија, по проценката на руската изјава, иако не беше кажано кога точно повторно ќе започнат.
Коалицијата предводена од САД објави дека американски борбен авион собори сириски авион во јужниот дел на Рака, откако ги бомбардирал силите што се борат против Исламската држава на северниот дел на Сирија.
„Авион на сириските режимски сили СУ-22, во 18:43 часот исфрли бомби во близина на војниците на Сириските демократски сили јужно од градот Табка и во согласност со правилата за ангажман и колективна самоодбрана на коалициските сили, американскиот Ф-18 Супер Хорнет веднаш го собори" се вели во соопштението на коалиционите сили.
Два часа порано, силите лојални на претседателот Башар ал-Асад ги нападнаа Сириските демократски сили (СДФ) во градот Џа Дан, јужно од Табка, се вели во соопштението.