Во Викторија ограничување на правата за потенцијалните терористи

Жителите на Викторија против кои никогаш не се подигнати обвиненија за казнени дела, би можеле да се најдат во ситуација на ограничени права, ако се одреди дека кај нив се работи за потенцијален ризик од тероризам, согласно со рамките на правната борба против тероризам.

Панел експертите кои ги предводи поранешниот главен повереник Ken Lay и судијата на Врховниот суд David Harper ќе направат ревизија на моменталните закони против тероризам во Викторија. Најавувајќи ја оваа ревизија, премиерот Даниел Ендрус, изјави „сите можности се на маса" и реформите можат да вклучат и полициски час и следење лица преку GPS, кои не биле обвинети, како и рестрикција на користиење Интернет за осомничените. Ендрус призна дека некој од споменатите потези нема да бидат „популарни". „Доколку ограничувањето на правата на мал број луѓе се покаже како тоа што е потребно жителите на Викторија да бидат сигурни, нема да мислиме дали да го направиме токму тоа". – рече тој.
Панел експертите ќе прегледаат што се може да се направи во сите фази на правниот систем. Исто така, ќе ги прегледат и интернет техниките за регрутација на терористички групи и ќе дадат совети за препораки кои ќе и помогнат на полицијата во одговор на тероризомот. Ендрус изјави дека владините реформи ќе внимаваат да не доведе до отуѓување на различните групи: „Не сакаме никого дополнително да го радикализираме. Разбираме дека нашата разновидност е наша сила, нашата разновидност е драгоцен имот и мораме да бидеме внимателни и мудри кога за тоа станува збор. Но, ако претставувате закана, тогаш не сте агент на верата туку некој со кој би требало да се плашиме да имаме работа." Лидерот на опозицијата, Метју Гај, ја критикува владата поради почнување уште една ревизија, велејќи оти веќе требале да се спроведат препораките од претходните ревизии на правниот систем, кои би требале да го засилат системот. „Доколку спроведете уште една ревизија, барем уверете се дека препораките на оние кои се веќе направени и се спроведени во дело" – рече тој.