Полин Хенсон со бурка во сенатот

Лидерката на екстремно десничарската партија на Австралија „Една Нација", Полин Хенсон привлече огромно внимание од сите присутни на Сенатот кога на влезот на салата на законодавниот дом се појави во бурка, во знак на револт против дозволувањето да се носи ова парче облека од муслиманската традиција во Австралија.

Сенаторката Хенсон рече дека нејзиниот гест претставува ексремен начин за да ја пренесе својата порака, потенцирајќи го тоа што таа го гледа како опасност за безбедноста на државата. „Јас сум многу против носењето бурка", кажа таа за радиото 2ГБ. „Таа не е верски критериум, туку е изум на мажите кои сакаат да ги покријат нивните жени. Таа е начин на понижување на жената."
На нејзината изјава Хенсон наведе: „Потребата за забрана на целосното покривање на лицето во јавност е важен спор со кој се соочува современата Австралија."
Jaвниот обвинител Џорџ Брандис го обвини однесувањето на Хенсон „посоветувајќи ја и предупредувајќи ја" за навредување на религиозните групи. После неговото обраќање, на Брандис му ракоплескаа опозиционите партии. Во неговиот емотивен говор, Брендис посочи дека Хенсон ризикува со отуѓување на околу 500.000 Австралијанци, припадници на исламската вера.
Хенсон постојано била генератор на слични контроверзии од нејзиното влегување во Парламентот уште во 1996. Пред два месеци таа препорача отстранување на сите деца со аутизам од училниците.