Хрватска бара инвеститори

Грабар - Китаровиќ е во повеќедневна посета на Австралија и е првиот шеф на хрватската држава кој по 22 години престојува тука.

„Се надевам дека по денешните разговори ќе бидеме чекор поблиску до потенцијалните нови вложувања од Австралија во Хрватска, како и од Хрватска во Австралија" - рече таа, по средбата со Турнбул во Канбера.
Тие разговараа за соработка во бродоградбата, поврзување на пристаништа и туризам, но и за склучување договори за избегнување двојно оданочување. Тема на разговор била и големата хрватска заедница во Австралија. Претседателката на Хрватска за време на посетата на Канбера одржала и предавање за хрватската надвореешна политика на австралискиот Институт за меѓународни работи.