Новиот есенски грип “Мичиген” во Австралија зеде 52 жртви

Во претстојната есенско-зимска сезона се очекува пандемијата грип наречена "Калифорнија", попозната како свински грип да биде поместена од новиот вирус – "Мичиген" (тип А), изолиран за прв пат во 2015 година, пишува бугарски "Труд".

Во тоа време "Мичиген" сеуште не беше разгорен, повеќе случаи имаше во 2016 година, па затоа и очекувањата се заразата да се шири токму сега, особено со оглед на фактот дека населението нема изграден имунитет кон овој вирус. Се разбира, кога зборуваме за грип, изненадувањата се секогаш можни ".
Според податоците на Австралија, каде во моментов беснеат сезоните на грип, вклучувајќи го и "Мичиген", во земјата се регистрирани 52 смртни случаи. Уште во текот на септември и октомври, кога почнуваат првите остри температурни промени, летните вируси се префрлаат во есенско-зимски. Во регионот првите сезонски грипови обично се јавуваат кон крајот на октомври и ноември, а врвот е за време на празниците и на крајот на јануари веќе настапува епидемија.
Светската здравствена организација излезе на 1 март со препораки за составот во северната хемисфера на новата вакцина против грип за претстојната сезона. Тие се подготвени за моменталната ситуацијата во јужниот дел на светот каде беснеат вирусите, како и на база на податоци од 143 лаборатории ширум светот, кои соработуваат со СЗО. За разлика од респираторните есенско-зимски вируси, грипот настапува со насилен почеток – главоболка, висока температура, силна општа слабост и го покосува целиот организам. Кај останатите вируси клиничката слика обично е полесна и тие можат да бидат помината на нога, во рамките на 3-5 дена.