„Кредити за лажговци“ - закана за економијата

Што се однесува до австралиските станбени кредити и пазарот, има многу прогнози, но само неколку од нив се позитивни.

Како најсериозно предупредување е податокот дека речиси третина од кредитите всушност се „заем за лажговци" - дадени врз основа на неточни податоци кои ги навел поднесителот на барањето. Ова предупредување доаѓа од глобалниот банкарски гигант UBS кој првпат годинава ја анализираше вистинската состојба на корисниците на кредитите.
Како да се обезбеди кров над глава: Лажна слика за кредитната способност. Тоа што е откриено е големо применување на лажни податоци. А последиците се големи: не само што таквиот корисник на кредит можеби не е во состојба да го отплатува, туку нивниот број е голем и ја загрозува стабилноста на банките што даваат вакви кредити.
Со анализата се опфатени над 900 лица кои годинава подигнале стамбен кредит. Резултат: само 67 одсто од нив одговорите дека нивното барање „во целост е точно и одговара на фактите".
Во текот на минатата година такви биле 72 одсто. Повеќето неточни податоци или т.н. невини лаги, не се сметаат за целосна измама. Четвртина од анкетираните рекле дека барањата за кредити биле „во најголем дел точни и одговарале на фактите." Само осум одсто признал дека податоците се „делумно точни и одговараат на фактите," додека еден одсто одбиле да одговорат на прашањето. UBS верува дека состојбата е полоша од што анкетираните ја признале и оти процентот на кредитни барања засновини на лаги е поголем, но луѓето не сакаат тоа да го признаат, дури и кога тоа се прави анонимно. Имајќи го во предвид просечниот обем на стамбени кредити во Австралија, UBS смета дека, во пари, околку $500 милијарди долари на се уште неотплатени кредити се дадени врз основа на неточно прикажан приход, имот, постоечки долг или трошоци на корисниците на кредитот. Има помалку од 1,7 билиони (илјада милијарди) долг за стамбени кредити, што значи дека 29 одсто се уште неотплатени заеми се дадени врз основа на неточни податоци, а тие сочинуваат 18 одсто од севкупниот долг на приватниот сектор во Австралија.
За што најчесто лажат луѓето? Најчесто во прикажување на трошоците за живот (30 одсто). На второ место е намалувањето на останатите долгови (15 одсто) или прикажување поголем приход или имот од вистинската состојба - исто така присутни во 15 осто од случаевите.
Во нормални околности, во финансискиот свет се смета за поднослив просек на неточно прикажана состојба при поднесување барање е меѓу 10 и 12 одсто.
Постоечката состојба во Австралија, очигледно е значително полоша од тоа и затоа UBS предупредува дека овдешните банки во случај на крах на стамбениот пазар, се поранливи отколку што повеќето луѓе мислат.
„Многу луѓе ги прифатија инфлаторните цени како конечни и беа подготвени неточно да ја прикажат својата состојба при поднесување барање, за да бидат сигурни дека ќе добијат кредит" - предупредува UBS. Инвестиционата банка исто така предупредува дека загубите на банките на овие кредити би можеле да бидат поголеми од што и тие самите очекуваат, затоа што корисниците на кредитите се во многу полоша положба од онаа во која банките веруваат. Ако стамбениот пазар почне да покажува негативно движење, тоа би имало последици брз целата австралиска економија.

Податоци
Најголем процент на кредити издадени врз основа на неточни податоци или „заеми за лажговци" е кај ANZ банката – 45 одсто. Кога станува збор за региони, не е изненадување дека најскапи стамбени пазари се Нов Јужен Велс и Викторија, во кои и е најголем процентот на нечесно прикажани податоци. Овие кредити ја сочинуваат третината од вкупно издадените кредити.