Вклучена најголемата батерија

Премиерот Jay Weatherhill официјално го почна ланирањето на најголемата литиум-јонска батерија во Jamestown во Јужна Австралија.

Најголемата литиум-јонска батерија службено е вклучена во Јужна Австралија додека државата се обидува да излезе на крај со проблемите со енергијата.
„Јужна Австралија сега го предводи светот кога зборуваме за обновлива енергија доставена до приватните домови и компании, 24 часа, седум дена во неделата" - изјави Weatherhill. "Сакам да изразам благодарност до работниците кои ја конструираа оваа батерија. Со право можам да бидам горд на тоа што го произведоа". Стигнувајќи и пред договорениот распоред, милијардерот и сопственик на „Тесла", Elon Musk, го одржа своето ветување дека ќе изгради погон од 100 мегавати за 100 дена или ќе го дадет бесплатно. Батеријата е поврзана со соседната фарма за ветер Hornsdal, чии сопственик е француската компанија Neoen, а целта е да се обезбеди дополнителна сигурност и стабилност на мрежата на електричната енергија во земјата.
Сигурноста е тестирана пред официјалното активирање на батеријата кога почна да праќа околу 59 мегавати во државната мрежа на електрична енергија во четврток попладне, кога температурите во државата пораснаа над 30 степен.
Овој погон за производство на енергија има капацитет да произведе електрична енергија до еден час за 30.000 домови, во случај на сериозен недостаток на струјата, но веројатно ќе се користи за изедначување на доставата на електрична енергија во помалку критични моменти. Изградбата почна по сега веќе познатата размена на мислења на Твитер меѓу Musk и австралискиот милијардер Mike Cannon-Brookes, кој го предизвика шефот на „Тесла" да помогне во решавањето на енергетски проблеми во Јужна Австралија. Musk одговори дека ако не успее да изгради батерија од 100 мегавати за 100 дена ќе ја дадат бесплатно. Но, неговата компанија без проблеми го почитуваше рок и ја заврши батеријата за 63 дена, но имаше добар почеток во дизајнирањето на батеријата. „Завршувањето на најголемата литиум-јонска батерија во светот во рекордно време покажува дека е можно одржливо и ефикасно енергетско решение" - изјави шефот на „Тесла".