Груевски се пожали: Неделно по три-четири пати сум во суд

Никола Груевски, Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, како и останатите обвинети во случајот „Траекторија" во понеделникот во 10 часот седнаа на обвинителна клупа, но рочиштето се прекина по еден час бидејќи на Груевски и Јанакиески во 11 часот требаше да им се суди за "Шлаканиците во Центар".

Итно повлекување, со измените во Законот за јазиците се деградира државното право на македонскиот народ

Наместо брзо усвојување, ние предлагаме ИТНО повлекување на законот за јазиците. Редно е претседателот Ѓорѓе Иванов, барем еднаш, да посегне по вето. Не за да манифестира моќ, туку заради правната држава, велат во отвореното писмо до пратениците професорките Катица Ќулафкова, Гордана Силјановска-Давкова и Симона Груевска-Маџоска.

Кој ќе се кандидира за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

Оставката на Груевски и одлуката за свикување на нов партиски конгрес официјално ја отвори и трката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Официјални кандидатури се уште нема, но во јавноста се профилираат неколку имиња.

Се разговара за „Нова Македонија“?

„Стар" наведува дека првичниот грчки предлог бил „Вардарска Македонија", но сега се дошло до предлогот „Нова Македонија" - истиот што беше предложен во Лисабон во 1992 година.

Бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик

Бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик веќе е поставена на www.pravopis.mk - потстраница на НУБ „Св. Климент Охридски" и е достапна за сите за користење и симнување. 

Јавна „обложувалница“ за наследникот на Груевски

По одлуката за одржување на вонреден партиски Конгрес на 23 декември, почна лицитирање со имињата на новиот партиски лидер.

Сега Груевски извикува: Нема правда нема мир!

MME кој прв почна. Груевски вели дека вмровците се жртви на реваншизам. А кога го предупредуваа за "Змијско око 1 и 2", за "Шпион", за Кежаровски, за сите хајки и лустрации...

Актерите од МНТ не ја одиграа „Ничија земја“, протестираа за притворот на Владо Јовановски

Во четвртокот не се одигра претсавата "Ничија земја" во Македонскиот народен театар. Актерите излегле на сцената и и соопштиле на публиката дека во знак на протест нема да ја одиграат претставата.

Заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија во Струмица

Договорот за пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугарија може да влезе во сила веќе до крајот на годината, беше најавено по одржувањето на првата заедничка седница на владите на двете земји.

Божин Павловски: Законот за јазиците да се одложи за најмалку три години

Се плашам дека ќе се забрза преобразувањето на македонскиот јазик од официјално државен во приватно семеен јазик. Донесувањето на законот за јазиците да се одложи за најмалку три години, додека не се проучат неговите корисни, но особено штетни последици.