Анкета која ја потврдува изреката: Aлал да им е - се искрадоа!

На почетокот на јуни во 8 градови и 21 село низ Републиката e направена Анкета за длабинско мерење на граѓанската доверба во институциите, што ја спроведе Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС) во рамките на проектот "Фасадата држи, темелите тонат", кој е финансиран од Националната фондација за домкратија (National Endowment for Democracy) од САД. Анкетата опфатила 1,011 испитаници.

Како што пренесе неделникот "Фокус", резултатите го потврдуваат таканаречениот "општествено структуиран дефект" (ОСД), односно "дефектот" во општествените односи се смета за општествена вредност. Дали некогаш сте ги слушнале, па дури и изговориле следните реченици: "Не краде - се снаоѓа", "Што ко краде - сите се исти", "Види го ти, паметно копиле - се искраде", "Краде, но на функција си е човекот", "Штом е со прстите во медот, секако дека ќе ги излиже", "Секој ја користи функцијата како знае", "Ако де, ако крадат - и на народот даваат", "А што правеа другите во нивното време?", "К'сметот ние таков - сите не мразат", "немате право да прашувате, оти во ваше време..."
ОСД е и кога поединци од владејачките редови јавно прозиваат политички опонент за криминал и ги повикуваат државните институции надлежни за гонење на таков криминал да реагираат (а тие не мрдаат бидејќи нема докази).
Еве ги резултатите од таа анкета:
На прашањето "Дали се согласувате дека оваа влада е добра затоа што, иако краде - повеќе дава на граѓаните?" одговорите се следни:
Воопшто не - 57%
Делумно не - 6%
Потполно да - 12%
Делумно да - 9%
Не знае - 16%
Коментар: 21% од анкетираните (претежно од руралните средини, како во Кавадаречко, ама и во Прилеп и предградијата на Скопје) се согласуват со овој ОСД - власта ако краде, ама дава на народот. Ако на тоа ги приклучиме и неопределните, доаѓаме до фрпантна состојба во која кај 37% од популацијата ваквиот општествен дефект "поминува".
На прашањето "Дали е подобро да има вработувања без потреба, отколку луѓето да бидат на социјална помош?", одговорите се следни:
Воопшто не - 41%
Делумно не - 14%
Потполно да - 20%
Делумно да - 13%
Не знае - 12%
Коментар: Ваквиот општествен дефект "поминува" претежно во урбаните средини, во градовите каоо Велес, Скопје, Прилеп... ама не поминува во Гостивар.
На прашањето "Дали луѓето кои ги вработила партијата во институциите, треба на партијата и да и вратат некако?", одговорите се следни:
Воопшто не - 43%
Делумно не - 9%
Потполно да - 22%
Делумно да - 17%
Не знае - 9%
Коментар: Отпор кон позитивниот одговор на ова прашање најмногу имале анкетираните од Скопје, Штип и Гостивар.
На прашањето "Дали е грев ако се снајдеш, па и да е малку незаконски? И ти да беше така ќе правеше", одговорите се следни:
Целосно согласни - 21%
Делумно согласни - 11%
Целосно против - 47%
Делумно против - 12%
Не знае - 9%
Наравоучение: Моралниот спас се наоѓа во ставот дека, и покрај се "ние сме копилиња - ќе се снајдеме!". Затоа не треба да зачудува моралната перверзија за распространетиот став: "Алал да им е на копилињата - се искрадоа!"