Нови артефакти за Kрушево и Kрушевската Република

Два османлиски пописни дефтера и нови документи од времето на Kрушевската Република се дел од артефактите од османлискиот период, кои Историскиот музеј Kрушево годинава ќе ги презентира на јавноста. Директорот на оваа установа, историчарот м-р Зоран Богески, за "Дневник" вели дека до август оваа установа ќе презентира повеќе нови документи, многу значајни за Kрушево и за неговата економска моќ низ историјата.

- Документите во два османлиски пописни дефтери одгатнуваат зошто некои работи се случувале токму во Kрушево, опфаќајќи ги Kрушево и крушевчани, кои биле на трговија во целата Османлиска Империја. Едниот тефтер се однесува на периодот од 1846, а другиот на периодот од 1848 година и нудат богати податоци- вели Богески.
Музеј Kрушево планира богата програма финансирана од Министерството за култура. Програмата предвидува финансирање и развој на установата во повеќе сфери од музејското работење и ќе се реализираат проекти што ќе ги опфаќаат речиси сите објекти, односно седумте музеи под надлежност на установата Музеј Kрушево - информира деновиве Богески.

Музеј во Kривогаштани во зграда од 1928 година

Во надлежност на Музеј Kрушево е и музејот што треба да се отвори во Kривогаштани.
- Станува збор за барокна зграда што датира од 1928 година, која одредено време функционирала како училиште. Во соработка со Општина Kривогаштани се изработуваат проекти за заштита и ревитализација на зградата. Во музејот ќе бидат сместени археолошки и етнолошки предмети и богата библиотека - вели за "Дневникќ директорот на Музеј Kрушево, Зоран Богески.