Од црква во струшко украдени икони

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека ноќта помеѓу 29 и 30 март, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Никола" во струшкото село Мали Влај.
Сторителот, без видливи оштетувања, влегол внатре и одзел четири икони.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.