Известување за одржување на летната школа по македонски јазик

Почитувани!
Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво ја организира секоја година, ќе се одржи во август 2016 година. Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид. Агенцијата за иселеништво ќе ги сноси трошоците за наставниците кои ќе ја водат наставата и 50% од трошоците за хотелското сместување на учениците. Превозот до Охрид ќе биде во организација на родителите. На „Летната Школа" учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција. За дополнителни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво: e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Благодариме за соработката

Директор, Васил Наумов

“Здравко, твоето дело е наша инспирација и патоказ за во иднината”

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕМОРИЈАЛНИОТ КОНЦЕРТ
Почитувани сонародници, пријатели и вљубеници на македонскиот фолклор и култура,
Од името на членовите и управата на "МКУД Јане Сандански" би сакале да Ви соопштиме дека нашето друштво организира меморијален концерт во чест на делото на нашиот сега покоен секретар Здравко Талевски, кој ќе се одржи на 20-ти мај 2016 годин со почеток во 7 часот навечер (влез во 6.30) во "Grand Neret Reception".
Како што многумина од Вас знаете нашиот долгогодишен секретар и неуморен активист, почитуваниот Здравко Талевски почина на 15-ти јули 2015 година. Иако физички не е меѓу нас, неговиот дух, неговото дело засекогаш ќе бидат меѓу нас и секогаш ке бидат наша инспирација и двигател во извршувањето на нашата заедничка мисија, односно во ширењето и зачувувањето на македонското народно творештво, култура и тра­ди­ција.
Затоа драги наши сонародници Ве повикуваме што помасовно да ја покажеме нашата солидарност и ме­ѓу­себ­на почит, да бидеме дел од оваа незаборавна вечер на која се поканети да настапат сите Македонски културно уметнички друштва од Викторија како и естрадни уметници и да поставиме темели за понатамошна плодна соработка.
Од името на "МКУД Јане Сандански" Ви се заблагодаруваме и веруваме дека ќе бидете со нас и ќе ја добиеме Вашата морална поддршка во овој значаен момент за нас и семејството на Здравко Талевски.

Коче Стојчевски,
Претседател

Неработни денови на Department of Human Services во текот на велигденските празници

Department of Human Services – што ги опфаќа службите Centrelink, Medicare и Child Support – ќе биде затворен во текот на државниот празник Велигден.

Сите service centres и повеќето телефонски линии нема да работат на:
• Велипеток, 25 март 2016 г. и
• Втор ден Велигден, понеделник, 28 март 2016 г.
Ако треба да доставите некој формулар или да пријавите заработка заради исплата од Centrelink во некој од овие денови, ќе може да го сторите тоа порано отколку обично.
Ќе ве известиме ако треба да поднесете пријава на некој поскорешен датум.
Ако не треба да доставите формулар или пријава за да добиете исплата, можеби автоматски ќе ја добиете исплатата малку порано отколку обично.
Во текот на државните велигденски празници, информации за вашите исплати за child support преку Child Support Info Service и од вашата Child Support online account.
Кога service centres се затворени, сепак може да пристапите кон вашите сметки на интернет преку myGov, преку апликацијата за мобилен телефон Express Plus и преку phone self service за да проверите на кои датуми треба да поднесете пријава, да ги обновите вашите поединости и да ја пријавите вашата заработка на брз и лесен начин.

Промоција на романот ‘Одблесоци од вечноста’ Во издание на Македоника Литера од Скопје, Македонија

Aвстралиско Mакедонското литературно друштво 'Браќа Миладиновци' од Мелбурн и авторот Нове Младеновски ве покануваат на:
Промоција на романот 'Одблесоци од вечноста' Во издание на Македоника Литера од Скопје, Македонија
Промоцијата ке се одржи на 19 септември 2015 (сабота) во 13.00 часот во
Mernda Village CAC – Main Hall
70 Mernda Village Drive, MERNDA VIC 3754
Романот ќе го претстави професорката Емилија Жупаноска од Сиднеј.
Ова е втор роман на Нове Младеновски кој подолго време живее и твори во Мелбурн.
"Станува збор според нас, за писател кој има сопствен процес на долго осмислување и создавање на проект – книга. Ваквата оценка ја градиме по прочитување на неговиот ракопис. Навидум само лесно и убаво напишано градиво што се чита со леснотија и интерес, текст што провоцира, воспоставува дијалог и бара нови размислувања од читателот", цитат од поговорот на проф. доктор Васил Тоциновски
„Младеновски го пресоздава времето во кое тој не живеел. Тоа е мудрост и талент. Родена визија. Ретка човекова доблест. Видовитост. Со успех го апсолвира наназад неколкумилениумското Време, настаните и личностите кои живееле во тоа Време." - вели Коста Поповски – новинар и писател
На крајот од официјалниот дел, освен потпишување на книги од авторот, ќе се служи и мала закуска.
Потврдете го вашето присуство до 16.9.2015 кај Нове Младеновски на мобилен: 0488 001 946

Свечен бал на Могилчани во Сиднеј

Друштвото Могила од Сиднеј на 6 декември оваа година го одржува својот традиционален годишен свечен бал во Спортскиот центар Илинден во Рокдаел. Ќе има богата вечера со неограничено количество на виски, вино, 3-4 вида на пиво и сите видови на безалкохолни пијалоци. Ќе свират и пеат групата Златни Крилја и Петра.

Картите се само $60 долари, а за деца половина цена во која добиваат комплет вечера. За повеќе информации и резервации кај претседателот Трајан на 0401 050 092. На вечерта ќе се додели наградата на Заслужен Могилчанец. Добредојдени се сите а посебно гостите од Њукастел, Мелбурн, Волонгонг и Канбера.

Задржете го македонскиот јазик жив

Канцеларијата за мултикултурни односи и државјанство дава стипендија да се учи за преведувач во RMIT. Покрај другите јазици во наредната 2015 ќе е вклучен и Македонскиот јазик. Рокот за аплицирање е до 24 ти Ноември 2014 година.
Стипендијата ќе им помогне да студираат на тие што ги исполнуваат условите да добијат финансиска подршка.

Ги охрабруваме сите кои се заинтересирани да се запишат на овој курс, тоа да го направат до 24 Ноември. Овој курс се организира за одреден број на лица и доколку нема доволно пријавени може и да не се организира.
За повеќе информации јавете се во Македонската Добротворна Организација на (03)8358 5999.
Апликациите можат да се испраќаат оnline на следниов линк
http://rsvp.dpc.vic.gov.au/2015-interpreter-scholarship-program/

Во Мемориал Хол, Епинг, смеа до солзи

На 7ми ноември во Мелбурн ќе имате можност да го видите во живо австралиско - македонскиот комичар - во кој ќе биди познатиот лик од социјалните мрежи, "You tube" и слично - Кристијан Деловски - КИКС од Мелбурн.
Кристијан веќе неколку години е присутен на социјалните мрежи и има голем број фанови ширум светот.
Во соработка со Беби Зекировски, кој се јавува како продуцент на оваа манифестација и Омер Зекировски како режисер, тие веќе цела година работат и имаат снимено неколку видео клипови а сега за прв пат сакаат да им го прикажат тоа на сите македонски соограѓани ширум Австралија со гостувања во Мелбурн, Сиднеј и Канбера.
Оваа турнеа започнува во Мелбун на 7ми ноември во 19:30 во Мемориал Хол во Епинг.
Кристијан е многу среќен што неговата кариера со "стенд ап" комедија ја започнува во Мелбурн каде и што живее и затоа ги кани сите свои соограѓани да дојдат и да бидат присутни на оваа претстава, која што со сигурност нема да ве остави рамнодушни и ненасмеани.

Македонски фестивал на храната 2014

Третиот по ред Македонски фестивал на храната, организиран од Македонско Австралиската организација на заедницата (MACO), оваа година ќе се одржи во северните предградија на Мелбурн. Во недела, на 23 ноември, веднаш до општинската зграда на Витлси и театарот на адреса 25 Ferres Blvd. Sout Morang од 10:30 до 18:30 часот. Минатите два фестивали организирани од MACO беа успешни и најавата е дека ќе се потрудат и во 2014 година да имаат богата програма. Потврдено е учество на повеќето културно уметнички друштва од Мелбурн, а секако дента ќе има и богат избор на храна и пијалоци со вкусот од Македонија.

Духовна музика во Македонската Адвентистичка Црква во Футскрај

Во сабота, на 8 ноември, од 19 до 22 часот на 242 Gordon Street, Footscray Vic. ќе се одржи концерт на духовна музика во Македонската Адвентистичка Црква во Футскрај. За повеќе информации јавете се на телефон 042 593 299.

Изложба на шарпланинци

Шарпланинецот е една од нашите гордости на Македонија. Оваа година е втора откако постои "Австралиско-Македонскиот Шарпланински Клуб и по тој повод во саботата, на 25ти октомври ќе одржи изложба на шарпланинци. Активностите започнуваат во 11:00 во манастирското место на св. Прохор Пчински во Донибрук. Влезот е слободен и секој е добродојден. Адресата е 130 Springs rd, Donnybrook, 3064.

Kind Regards

Abbot Gavril

Macedonian Orthodox Monastery
St Prohor Pchinski
Address: 130 Springs Rd
Donnybrook, 3064
Victoria, Australia

Emial: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Web: http://www.stprohor.org.au/