Промоција на романот ‘Одблесоци од вечноста’ Во издание на Македоника Литера од Скопје, Македонија

Aвстралиско Mакедонското литературно друштво 'Браќа Миладиновци' од Мелбурн и авторот Нове Младеновски ве покануваат на:
Промоција на романот 'Одблесоци од вечноста' Во издание на Македоника Литера од Скопје, Македонија
Промоцијата ке се одржи на 19 септември 2015 (сабота) во 13.00 часот во
Mernda Village CAC – Main Hall
70 Mernda Village Drive, MERNDA VIC 3754
Романот ќе го претстави професорката Емилија Жупаноска од Сиднеј.
Ова е втор роман на Нове Младеновски кој подолго време живее и твори во Мелбурн.
"Станува збор според нас, за писател кој има сопствен процес на долго осмислување и создавање на проект – книга. Ваквата оценка ја градиме по прочитување на неговиот ракопис. Навидум само лесно и убаво напишано градиво што се чита со леснотија и интерес, текст што провоцира, воспоставува дијалог и бара нови размислувања од читателот", цитат од поговорот на проф. доктор Васил Тоциновски
„Младеновски го пресоздава времето во кое тој не живеел. Тоа е мудрост и талент. Родена визија. Ретка човекова доблест. Видовитост. Со успех го апсолвира наназад неколкумилениумското Време, настаните и личностите кои живееле во тоа Време." - вели Коста Поповски – новинар и писател
На крајот од официјалниот дел, освен потпишување на книги од авторот, ќе се служи и мала закуска.
Потврдете го вашето присуство до 16.9.2015 кај Нове Младеновски на мобилен: 0488 001 946