“Здравко, твоето дело е наша инспирација и патоказ за во иднината”

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕМОРИЈАЛНИОТ КОНЦЕРТ
Почитувани сонародници, пријатели и вљубеници на македонскиот фолклор и култура,
Од името на членовите и управата на "МКУД Јане Сандански" би сакале да Ви соопштиме дека нашето друштво организира меморијален концерт во чест на делото на нашиот сега покоен секретар Здравко Талевски, кој ќе се одржи на 20-ти мај 2016 годин со почеток во 7 часот навечер (влез во 6.30) во "Grand Neret Reception".
Како што многумина од Вас знаете нашиот долгогодишен секретар и неуморен активист, почитуваниот Здравко Талевски почина на 15-ти јули 2015 година. Иако физички не е меѓу нас, неговиот дух, неговото дело засекогаш ќе бидат меѓу нас и секогаш ке бидат наша инспирација и двигател во извршувањето на нашата заедничка мисија, односно во ширењето и зачувувањето на македонското народно творештво, култура и тра­ди­ција.
Затоа драги наши сонародници Ве повикуваме што помасовно да ја покажеме нашата солидарност и ме­ѓу­себ­на почит, да бидеме дел од оваа незаборавна вечер на која се поканети да настапат сите Македонски културно уметнички друштва од Викторија како и естрадни уметници и да поставиме темели за понатамошна плодна соработка.
Од името на "МКУД Јане Сандански" Ви се заблагодаруваме и веруваме дека ќе бидете со нас и ќе ја добиеме Вашата морална поддршка во овој значаен момент за нас и семејството на Здравко Талевски.

Коче Стојчевски,
Претседател