Рокдаел Илинден е подготвен за новата сезона

Тренерот на Комитите Пол Реид смета дека го има составено најсилниот тим досега со последното засилување, голманот Анте Ковиќ, кој е освојувач на шампионатот на Азија со Вестерн Сиднеј Вондерерс.

Четириесет и едногодишниот голман ги покажа своите можности за време на Македонскиот куп 2017 што се играше минатиов викенд. Во претстојната сезона ќе ги носи боите на Рокдаел Илинден во Националната Премиер лига 1, и е големо засилување после неговото заминување од Перт Глори во А–лигата.
Тренерот и фудбалер Реид има играно против Ковиќ на сиднејска дерби средба во А–лигата, и смета дека тој ќе донесе многу повеќе од искуство во екипата.
На тренинзите се чувствува неговото присуство. "Сакам токму тоа од голманот, некој што ќе брани, и ќе и даде на одбраната самодоверба и ослободување од притисокот", рече Реид.
Ковиќ исто така е локален играч кој во младоста има играно за јуниорите на Хрствил Загреб.
Покрај Ковиќ, Комитите како засилување го донесоа и Џордан Фигон од Садерланд, Харис Гаицазис и Брајден Форџ од Сиднеј Олимпик, како и младиот голгетер Џордан Гроздановски од Блектаун Сити.

Анте Ковиќ, 41, ќе го брани голот на Рокдаел Илинден во новата сезона