Стирлинг Лајонс со нови засилувања

Најтрофејниот Македонски клуб во Перт, Стирлинг Лајонс пред почетокот на новата сезона се засили со два играчи, и тоа се Дејан Спасески и Алекс Шулески. Се надеваме дека оваа година ќе не радуваат нашите Лавови со многу победи, спортска игра и пожртвуваност.