Марк Ризоски од Сиднеј пристигна меѓу „лавовите“

Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија Ѓорче Петров во своите редови донесе нов фудбалер, кој допрва ќе треба да се докажува.
Се работи за младиот 19-годишен Марк Ризоски од Австралија.

Фудбалерот е роден во 1997 година, а во Македонија доаѓа од екипата на Сиднеј Јунајтед 58.
Ризоски поседува двојно државјанство, македонско и австралиско, а настапува на позицијата играч за врска. Засега, тој е на проба, но од клубот велат дека ќе направат се за да го задржат во својот тим во пролетниот дел од сезоната.
Пред Ризоски, Македонија ЃП го договори и Фетаи, кој минатата сезона ја мина во Влазерими.