Австралија – Обединети Арапски Емирати 2:0

Австралија оствари круцијално важна победа во квалификациониот натпревар од квалификационата Б-група за Светското првенство во Русија. "Сокерусите" мораа да победат бидејќи беа три бода зад Јапонија и Саудиска Арабија, кои истата вечер играа со најслабите репрезентации во групата. Јапонија убедливо го совлада Тајланд со 2:0.

По четири нерешени натпревара, ова беше фаќање на последниот воз со надеж за едно од првите две места во групата кои носат директна квалификација.
ОАЕ, кои се на четвртото место, се надеваа на подобар исход бидејќи го имаат окото на третото место кое води во дополнителни квалификации.
Селекцијата што ја предводи Енџи Постакоглу не изгледаше уиграно, но сепак успеа да ги освои трите важни бода. Двата гола дојдоа со нафрлена топка од корнер, во 6 минута стрелец беше Џексон Ирвин а во 78 Метју Леки. Гостите во неколку наврати имаа шанси но не успеаја да ги реализираат и тоа во фудбалот обично доаѓа со казна на крајот.
Следниот натпревар на "сокерусите" следи на 8 јуни, а Австралија ја пречекува репрезентацијата на Саудиска Арабија во Аделаид.