Љупче Ацевски е новиот тренер на Престон Македонија

Минатиот вторник Љупче Ацевски ја презеде позицијата на тренер во Престон Македонија од Желко Поповиќ.  Злате Груевски со пуштена рака го дочека Ацевски во Престон Македонија. Замената на Поповиќ дојде поради слабите резултати постигнати во новата сезона. 

 

Ацевски е поранешен голман на Престон Македонија каде имаше најдобри настапи во редовите на нашите Лавови. Пред неколку години Ацевски играше во полуфиналето во Купот на ФФА против А–лигашот Мелбурн Виктори. Ацевски со голем успех ја предводеше екипата на Хјум Сити. 

Повикот од управата на Престон Македонија беше пратен уште во понеделникот, кој Ацевски го прифати  после една година пауза во фудбалот.  Од Ацевски се очекува да донесе неколку нови засилувања во редовите на Престон Македонија за да ја зацврсти екипата и да го одбегне долниот дел и борба за опстанок во самата лига. Ќе биде тешко, но сите  од управата и навивачите веруваат во еден подолг период додека Ацевски состави силна екипа.

Стефан Горгиевски