Рокдаел Илинден е подготвен за новата сезона

Тренерот на Комитите Пол Реид смета дека го има составено најсилниот тим досега со последното засилување, голманот Анте Ковиќ, кој е освојувач на шампионатот на Азија со Вестерн Сиднеј Вондерерс.

Ана Николовска го доби признанието "Спортска личност на годината - 2017" за "Денот на Австралија"

Македонската каратистка Ана Николовска на Денот на Австралија (26 јануари) го доби признанието „Спортска личност на годината - 2017" од Советот на Бајсајд, општина во Сиднеј. Бајсајд Кансил контролира 32 општини со 152.814 жители.

Анте Ковиќ ќе брани за Рокдаел Илинден

Рокдаел Илинден во вторникот објави дека во клубот за претстојната сезона го регистрирал голманот Анте Ковиќ. Со него ќе се засили одбраната во 2017 година, а ќе може за прв пат да го види домашната публика за време на МАСО купот кој започнува во петок, на 27 јануари, на Спортскиот центар Илинден со почеток во 18 часот.

Историјата е испишана, Македонија е горда на Лина – Епилог од настапот на Австралија Опен

На нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа и недостигаше само 1 натпревар, односно уште 1 освоен сет за да се пласира во 1-то коло од главниот дел на турнирот во Мелбурн, но за жал не успеа да ја победи искусната Фогеле.

Вероника Костовска шампионски до златниот медал на Гран при Кроација, бронзи за Симовска и Јаниќ

Европскиот шампион Вероника Костовска стигна со убедливи победи до златниот медал на силниот Меѓународен карате турнир Гран при Кроација во Самобор – Хрвтска.

Кеш: 2017 година може да е последна за Рафаел Надал!

Некогашниот австралиски тенисер, Пет Кеш смета дека следната сезона може да биде последна на најдобриот тенисер на Шпанија, Рафаел Надал. Тој вели дека доколку и во новата сезона Рафа не ја подобри својата игра и пласман, ништо чудно да одлучи да замине во пензија.

ЛИНА ЃОРЧЕСКА: Македонска тениска кралица, која сонува да го освои Ролан Гарос

Имаме и ние тениска грација. Од нашата Македонија, тргна на пат околу светот, за да се докаже во светскиот женски тенис, и навистина одлично и оди. Знаеме сите колку е тешко да се стигне до тениската орбита, но ако продолжи да чекори храбро како во 2016, Лина Ѓорческа дефинитивно ќе биде спортистка со која сите ќе се гордееме. Доволно е млада за да очекуваме допрва да ги ниже големите успеси, а веќе е и доволно искусна за да знае што и е потребно за да стигне и меѓу најдобрите на ВТА – листата.
Македонија веќе и оддава признание, таа е прогласена за најдобра спортистка во годината што измина, и сите ние ќе стискаме палци веќе на почетокот на јануари, да успее да ги мине квалификациите на Австралија Опен, и да ја претставува Македонија на главниот турнир на гранслемот во Мелбурн.
Ја искористивме можноста да разговара со 22-годишната тенисерка, за нејзините успеси во изминатите 365 дена, колку и значи наградата што ја доби од Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, и кои се нејзините желби и планови за во иднина.
„Може да се каже дека имав многу успешна година. Моите очекувања за 2016 година беа да бидам меѓу 230. и 250 место на ВТА – листата, а сега сум на 205. позиција. Навистина ми е драго за овој успех, затоа што е над моите очекувања и тоа ја покажува мојата посветеност и трудот што го вложувам за да успеам во тенисот. Се надевам дека во новата година ќе ја започнам уште подобро, на квалификациите во Мелбурн" – вели Ѓорческа.
Лина на крајот од декември застана рамо до рамо со Кире Лазаров, како македонски спортски лауреати за 2016 година Тоа е големо признание, чест, но и огромен мотив за понатаму, вели Ѓорческа, да се добие ваква награда на 22 години...

„Секако, огромен е мотивот за една спортистка да биде избрана за најдобра за изминатата година. Посебно ми е драго што бев во друштво со нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, кој досега многу пати има докажано како треба да изгледа еден врвен спортист. Како треба да се однесува на теренот и надвор од него. Морам да признам дека оваа награда ме направи горда, но и е обврска повеќе во следната година да бидам со уште подобар успех" – истакнува нашата тенисерка.
Не е лесно да се успее во тенисот, а уште потешко е ако доаѓаш од Македонија. Екстремно е тешко да се успее во овој спорт. Финансиите се најголем проблем, и тука Лина има голем хендикеп, поради неизаинтересираноста на компаниите да се инвестира во овој спорт. Потребен е некој моќен спонзор да застане зад неа и да ја поддржи.
„За другите држави не знам, но во Македонија е многу тешко да се успее како тенисер. Првата пречка е тоа што тенисот е индивидуален спорт, а секако е еден од најскапите кога се инвестициите во прашање. Има премногу патувања, подготовки, а оставен си самиот на себе. Кај нас нема доволно заинтересирани за да инвестираат и да помогнат. Финансиите се најголем проблем и нема човек кој ќе ти подаде рака, со цел да успееш. Мора се сам да правиш, да се бориш, доколку сакаш да ги оствариш зацртаните цели"- раскажува Ѓорческа.
Сепак, нејзината младост и оптимизмот не ја напуштаат. Напротив, амбициите и се големи, и сака да направи голем чекор напред уште во првите денови од јануари. Следи Мелбурн и квалификациите за Австралија Опен.

„Очекувам да започне добро новата 2017 година. Конкуренцијата на квалификациите за Австралија Опен ќе биде жестока, се натпреваруваат одлични тенисерки, па ќе видиме што ќе се случи. Интензивно се подготвувам за тој настан и очекувам успешно учество" – порачува нашата тенисерка.
Амбициите и се да напредува рапидно и во годината во која зачекоруваме, а нејзина најголема желба е Париз, и ... Ролан Гарос!

„Во 2017 година очекувам да направам добри резултати на 'големите' турнири. Мислам дека сум подготвена за нешто посериозно во мојата кариера. Ќе тренирам напорно и ќе останам фокусирана на мојот напредок во кариерата, само тоа ми е важно. Што се однесува до желбите, сон ми е да го освојам Ролан Гарос. Зошто да не, се надевам дека и тоа ќе се случи" – вели Лина Ѓорческа.
Со верба во себе и со напорни тренинзи, сите желби можат да се остварат. Македонија и сега се гордее со Лина, а каква ли еуфорија би била доколку еден успее да застане на врвот на Париз, да го освои Ролан Гарос...
"Екипа"

Аламадин го освои Мелбурн Куп 2016

Џокејот Керин МекЕвој го освои својот втор Мелбурн Куп со коњот Аламадин, кој во последните секунди изби пред Хартбејк Сити во епскиот дуел.

Тумор го уништи нејзиниот олимписки сон, но таа ја победи болеста и стана топ модел

Австралискиот модел Ејми Пејковиќ открила дека нејзиниот олимписки сон бил уништен кога дознала дека има тумор на мозокот на свои 19 години.Професионалната скокачка во височина морала да биде оперирана, а за среќа докторите тоа го направиле успешно

ФФА Куп 2016: Мелбурн Виктори – Мелбурн Сити 0:2

Во рок од десет дена, во два наврата Виктори доживеа пораз од градскиот ривал Мелбурн Сити. Натпреварот се играше во напната атмосфера и двата тима дадоа се од себе за да победат, но повторно Сити беше за нијанса подобар. Во острата игра многупати имаше прекини и беа досудени осум жолти картони, а дури 6 за Виктори.