Спорт кој го тренира целото тело

Пливањето сигурно претставува еден од омилените спортови, кој ги зајакнува мускулите на целото тело и согорува многу калории – за половина час пливање со умерено темпо ќе потрошите 200 до 300 калории. 

Пливањето ја поттикнува циркулацијата и ја подобрува еластичноста на зглобовите, и поради тоа може да се препорача и на постари лица. Исто така се класифицира во аеробни активности, односно, активности кои го зајакнуваат кардиоваскуларниот систем и ја подобруваат работата на срцето и белите дробови. Истражувањата исто така покажале дека пливањето помага во регулација на високиот крвен притисок.

Две помали студии исто така покажале дека пливањето го подобрува расположението како и дека помага во борбата со секојдневниот стрес.

Останати вести