Тренерот Пеце Стоевски немоќен да го запре матниот Вардар

Прва лига на Викторија, 20. коло

Алтона Вардар - Саншајн Џорџ Крос 1-3 (0-2)

Комитите со победата се близу до шампионската титула

Садерленд Шаркс - Рокдаел Илинден, продолжение   1-2   1-1  (0-0)

Илавара Меркури премиер лига, 22 коло

Крингила Лајонс – Булај 0:6

Крингила Лајонс во последната игра за оваа сезона доживеа тежок пораз од Булај, кој со подобрата гол разлика ја заврши сезоната на второто место пред нашата Волонгонг Јунајтед. Екипата на Крингила сепак може да биде задоволна со освоеното осмо место и 22 бодови, со што е во средишниот дел на табелата.

Премиер лига на Западна Австралија, 21 коло

Стирлинг Лајонс – Инглвуд Јунајтед 2:1

Стеријовски го земенува Бискиќ

Тренерот на Престон Македонија Јосип Бискиќ, после неделниот натпревар замина на заслужен одмор. На негово место доаѓа Антонио Стеријовски, кој во последните четири натпревари ќе ја предводи екипата на Лавовите.

Брендон го освои златниот медал

GKR карате е интернационална боречка вештина со десетици илјади членови низ светот. Светското првенство во GKR карате минатиот месец се одржа во олимпискиот парк во Сиднеј и траеше три денови.