Кило Волци – Лара Јунајтед 1:1

Петта државна лига на Викторија запад, 21 коло
"Волците" годинава се стабилизираа по испаѓањето од Четвртата лига и со четвртото место може следната сезона да се работи на подобрување на резултатите и евентуална промоција.
Во последното коло Кило Волци ќе гостува кај Кинетон Дистрикт во сабота, на 10 септември, со почеток во 15.00 часот.

Нобл Парк Македонија – Спрингваел Сити 2:4

Четврта државна лига на Викторија југ, 21 коло
Пресилна беше екипата на Спригваел која се наоѓа помеѓу трите најдобри во Лигата оваа сезона. Нобл Парк Македонија се наоѓа комфорно укотвена во средината на табелата.
Во сабота, на 10 септември, Нобл Парк игра во гости кај Харисфилд Хурагајнс со почеток во 15.00 часот.

Пленти Вали Лајонс – Ватсонија Хајтс 2:2

Четврта државна лига на Викторија север, 21 коло
Екипата на "лавовите од Лерин" не може да биде задоволна со поделбата на бодовите. Оваа година Лигата е изедначена од шестото до единаесеттото место, а нашиот клуб е на деветто место со 20 бодови. Сигурен клуб за испаѓање е Бандура Јунајтед кој е последен со само 10 бодови.
Во сабота, на 10 септември, леринчани играат кај Вест Престон со почеток во 15.00 часот.

Фокнер ФК – Лајло Јунајтед Слога 5:1

Трета државна лига на Викторија северо–запад, 21 коло
Висок пораз од Фокнер кој е само потврда дека Слога има земено карта за испаѓање од Лигата оваа година. Следната сезона ќе биде потребно стабилизирање на клубот и ќе се бара шанса за враќање во Лигата.
Во сабота, на 10 септември, Лајло Слога на домашен терен ја пречекува екипата на Упфилд со почеток во 15.00 часот.

Корајо – Џилонг Македонија 0:3

Втора државна лига на Викторија северо–запад, 21 коло
Победа со која се осигура промоцијата и сега, без разлика на резултатот во последното коло, нашата Џилонг Македонија е спокојна со 48 бодови, што е за 4 повеќе од второпласираниот Есендон Ројалс.
Стрелци на головите беа: Б. Девлин С. Мекилрој и Н. Калмар.
Во последното коло во сабота, на 10 септември, Џилонг Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Хјум Јунајтед со почеток во 15.00 часот.

Престон Лајонс – Карнли 0:0

Прва државна лига на Викторија, 20 коло
Гостите се еден од кандидатите за испаѓање од лигата и се очекуваше дека ќе се борат за освојување на бодови потребни за опстанок.

Норт Саншајн Иглс – Сиднам Парк Македонија 1:0

Прва државна лига на Викторија северо–запад, 20 коло
Минимален пораз од силната екипа на Норт Саншајн. Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Д. Мемиши.
Екипата на Сиднам Парк во финалните средби на Лигата релаксирано ќе игра, спокојно чекајќи го крајот на сезоната.
Во недела, на 28 август, Сиднам Парк Македонија ќе игра заостанат натпревар во гости против екипата на Вестерн Сабрбс со почеток во 15.00 часот.

Алтона Маџик Вардар – Кило Парк 1:1

Прва државна лига на Викторија северо–запад, 20 коло
На средбата со Кило Парк гостите изненадија со голот во 23 минута на П. Григс, додека Џон Мекшејн во 35 минута го обебзбеди израмнувачкиот погодок за црвено црните.

Голден Плаинс – Кило Волци 3:0

Петта државна лига на Викторија запад, 20 коло
Убедлив пораз од второпласираната екипа на Голден Плаинс која се надева дека ќе ја преземе лидерската позиција и промоцијата од Норт Мелбурн Атлетик. Следниот натпревар ќе биде исто така тежок за "волците", кој се игра против третопласираната екипа на Лара.
Во сабота, на 3 септември, Кило Волци на домашен терен ја пречекуваат екипата на Лара Јунајтед со почеток во 15.00 часот.

Хамптон Парк – Нобл Парк Македонија 1:2

Четврта државна лига на Викторија југ, 20 коло
Нобл Парк беше еден од ретките наши претставници во Викторија што забележа победа минатиов викенд. Сега Нобл Парк се наоѓа на петтото место со 32 бода.
Во сабота, на 27 август, Нобл Парк Македонија во гости кај Ендевор Хилс ќе игра заостанат натпревар со почеток во 15.00 часот.