Марселин Олд Колеџианс – Пленти Вали Лајонс 2:1

Четврта државна лига на Викторија север, 20 коло
Пораз за леринчани, кои годинава го завршуваат првенството во долниот дел на табелата.
Наредниот натпревар се игра дури во сабота, на 3 септември, а "лавовите" на домашен терен ја пречекуваат екипата на Ватсонија Хајтс со почеток во 15.00 часот.

Вилијамстаун – Лајло Јунајтед Слога 6:1

Трета државна лига на Викторија северо–запад, 20 коло
Тежок пораз на Слога и само чудо може да го спаси нашиот клуб од испаѓање оваа година.
Следната седмица е слободна и во понеделник, на 5 септември, Лајлос Јунајтед игра на теренот на Фокнер Зебрас со почеток во 20:30 часот.

Есендон Ројалс – Џилонг Македонија 3:0

Втора државна лига на Викторија северо–запад, 20 коло
Неочекуван висок пораз и во завршницата предноста полека почна да се топи. Опасноста за промоција следната година е доколку не се оствари барем една победа во последните две кола од првенството. Есендон Ројалс сега се само четири бодови зад нашата Џилонг Македонија која има 45.
Во сабота, на 3 септември, Џилонг Македонија ќе гостува кај градскиот сосед Корајо со почеток во 15.00 часот.

Мајсторот за бразилско џиу џицу Роберт Наумоски во „Куќата на славните“

Македонскиот мајстор за бразилско џиу џицу, Роберт Наумоски, кој работи и живее во Австралија влезе во „Куќата на славните" како инструктор на годината за БЏЏ. Ова е големо признание за Наумовски, кој е еден од вкупно тројцата Македонци носители на црн појас во бразилско џиу џицу на светот. 

Дипломатски скандал зошто Македонците не се Грци

Грчката заедница повторно цмиздри и бара рчки. Причината за дипломатскиот протест и акцијата на писма од организации е церемонијата за отворање на Олиписките игри во Бразил, и уводот на кометаторите Ендру Гејз (познатиот поранешен кошаркар) и Брус МекАвени (легендарен водител и џокеј), во најавата за Македонија кога се појави нашето знаме ги кажаа следните зборови:

Австралија стана кошаркарска велесила и по Франција ја совлада сега и Србија

Продолжуваат изненадувањата на машкиот кошаркарски турнир во Рио, а повторно го главната улога се кошаркарите на Австралија. Откако во првото коло ја изненадија Франција, сега сосема заслужено извојуваа уште една победа, овојпат над фаворизираната Србија со 80-95.

Алтона Маџик Вардар – Сиднам Парк Македонија 3:2

Прва државна лига на Викторија северо–запад, 18 коло
Македонско дерби во кое Алтона Маџик Вардар од самиот почеток започна со силен напад. Тоа вроди плод во 20 минута кога Дени Баракат постигна гол за 1:0. Во 32 минута доминацијата ја награди со уште еден погодок Ејџе Адамсон, кој го матираше голманот за 2:0. Со овој резултат заврши првиот дел од средбата.
Во второто полувреме претежно се играше на средината на теренот со доста прекини. Како момент на пресврт во играта беше 63 минута, Скот Робсон заслужено доби црвен картон по еден опасен старт од зад грб врз фудбалерот на Сиднам. Алтона Маџик Вардар остана со десет играчи на теренот, и Сиднам Парк Македонија започна да ја презема иницијативата на играта. По неколку шанси пред голот на домаќините, во 84 минута, Даниел Марковски постигна гол за 2:1. Осоколени од намалувањето фудбалерите на Сиднам започнаа со опсада и во 92 минута извонредниот Коце Делев ја затресе мрежата за 2:2.
Никој не очекуваше дека после ова изедначувањето Алтона Маџик Вардар, со десет играчи, во последните секунди ќе направи сензација. По шутот на Адамсон топката се одби и дојде до Џејсон Хејн, кој го постигна голот за уште една победа на А.М. Вардар. Екипата навистина покажа дека е шампионска и може да го издржи психолошкиот притисок со целосна самодоверба дека на крајот ќе триумфира.
Во сабота, на 13 август, Сиднам Парк Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Кило Парк со почеток во 15.00 часот. Истиот ден Алтона Маџик Вардар гостува кај Вестгејт со почеток во 17.30 часот.

Престон Македонија – Вестгејт 3:1

Прва државна лига на Викторија северо–запад, 18 коло
"Лавовите" излегоа на теренот желни за победа и во 18 минута, по почетното испробување на силите, извонредниот Тони Стерјовски нафрли убава топка во казнениот простор а Бале Мицевски ја зафати со главата за 1:0. Дваесетина минути подоцна расположениот за игра Бале повторно беше во улога на стрелец, кога ја прифати брилијантната топка од Алекс Петровски за 2:0. Орните за надигрување "лавови" сакаа да се докажат и пред крајот на првиот дел, Најдовски отвори простор во одбраната на гостите и ја испрати топката до Ахмет Турер, кој со глава ја смести топката во голот за негов прв погодок а трет за Престон Македонија на оваа средба.
Во второто полувреме Престон Македонија играше порелаксирано, чувајќи ја високата предност создадена во првите 45 минути игра. Гостите до крајот успеаја да го намалат поразот со утешниот гол за конечни 3:1.
Во сабота, на 13 август, Престон Македонија игра во гости против Алтона Ист Феникс со почеток во 15.00 часот.

Кило Волци – Мелбурн Лајонс 4:0

Петта државна лига на Викторија запад, 18 коло
Сигурна победа над фенереџијата кој е загарантиран патник за испаѓање од лигата.
Во сабота, на 13 август, Кило Волци играат на теренот на Лавертон Парк со почеток во 15.00 часот.

Скај Јунајтед – Нобл Парк Македонија 5:1

Четврта државна лига на Викторија југ, 18 коло
Лидерот супериорно го доби натпреварот, а Нобл Парк Македонија после долго време на врвот, во завршницата, полека оди кон средината на табелата.
Во сабота, на 13 август, Нобл Парк на домашен терен ја пречекува екипата на Бејсајд Аргонаутс со почеток во 15.00 часот.