Брансвик Зебрас – Пленти Вали Лајонс 0:1

Четрврта државна лига на Викторија север, 18 коло
Победа за враќање на самодовербата кај леринчани. Сега Пленти Вали Лајонс се наоѓа на деветтото место со 16 бодови.
Во сабота, на 13 август, Пленти Вали Лајонс на домашен терен ја пречекува екипата на Нордерн Фалконс со почеток во 15.00 часот.

Латроб Универзитет – Лајло Јунајтед Слога 2:0

Трета државна лига на Викторија северо–запад, 18 коло
Нов пораз и загриженост дека следната сезона клубот ќе игра една лига подолу. Остануваат уште четири кола до крајот и потребно е освојување на бодови. Следниот натпревар е особено важен бидејќи се игра со претпоследниот тим на Даребин, кој би се нашол на сегашното последно место наместо Лајло доколку изгуби.
Во сабота, на 13 август, Лајло Јунајтед игра на домашен терен со Даребин Јунајтед со почеток во 15.00 часот.

Хајделберг Старс – Џилонг Македонија 1:2

Втора државна лига на Викторија северо–запад, 18 коло
Комфорна победа за Џилонг Македонија на гостувањето во Хајделберг. Стрелец на двата гола за нашиот тим беше Н. Калмар. Македонија убедливо е прва на табелата и може да ја слави шампионската титула и промоцијата за следната сезона.
Во сабота, на 13 август, Џилонг на домашен терен ја пречекува екипата на Хoперс Кросинг со почеток во 15.00 часот.

Покана за забава oд фудбалската екипа Саншајн Лајонс од Бризбен

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ
Почитувани сограѓани, "лавови", "лавици" и "лавчиња", фудбалскиот клуб "Саншајн Лајонс" од Бризбен ве поканува на незаборавно дружење по повод Денот на презентација на трофеите, со цел да ја одбележиме изминатата фудбалска сезона.

Олимпиското злато во Рио направено од 99% сребро!

Рио де Женеиро, 1 август 2016 (МИА) – Сонот на секој спортист е да го освои најсјајното одличје, златниот медал, на најголемиот светски спортски настан Олимписките игри.

Престон Македонија - Алтона Меџик Вардар 0:1 (0:1)

Еден гол и три бода за лидерот
Прва фудбалска лига на Викторија
Дербито меѓу Престон Македонија и Алтона Меџик Вардар му припадна на лидерот. Даде еден гол, вреден, за три нови бода и чекор поблизу до освојување на шампионската титула. Беше тоа натпревар кој не не воодушеви, како впрочем на повеќето дерби мечеви каде обично не се гледа убав фудбал. Но и двете екипи играа во грч, стегнато, под притисок да не се прими гол.

Георгиевски и Мелбурн Виктори подобри и од Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го претрпеа првиот пораз во подготвителниот период, откако изненадувачки загубија од Мелбурн Виктори во Џилонг со 1:0 (1:0).

Норт Мелбурн Атлетик – Кило Волци 4:0

Петта државна лига на Викторија запад, 16 коло
Пораз од сигурниот тим на Атлетик кој следната година ќе се натпреварува една лига погоре. Пресилни беа домаќините кои имаат 13 победи и само еден нерешен натпревар оваа сезона.
Во сабота, на 6 август, Кило Волци на домашен терен ја пречекува екипата на Мелбурн Лајонс со почеток во 15.00 часот.

Нобл Парк Македонија – Кизборо 2:2

Четврта државна лига на Викторија југ, 17 коло
Поделба на бодовите во лигата во која тимовите од првото до петто место се толку многу изедначени што има само три бода разлика помеѓу првопласираниот и петтопласираниот. Сега Нобл Парк остана на истата позиција додека лидерот следната недела ќе треба да се совлада на негов терен.
Во сабота, на 6 август, Нобл Парк Македонија игра во гости кај Скај Јунајтед со почеток во 15.00 часот.

Епинг Сити – Пленти Вали Лерин 4:0

Четврта државна лига на Викторија север, 17 коло
Лидерот на табелата пред домашната публика беше несовладлив и заслужено оствари убедлива победа. Леринчани во завршницата влегуваат во опасната зона и, иако Бандура Јунајтед засега изгледа како сигурен испаѓач од лигата, ќе треба да се внимава.
Во сабота, на 6 август, Пленти Вали Лајонс игра на теренот на Брансвик Зебрас со почеток во 15.00 часот.