Ендевор Јунајтед – Нобл Парк Македонија 0:2

Четврта државна лига на Викторија југ, 13 коло
Сигурна победа во гости со која се фаќа приклучок со врвот затоа што само еден бод е растојанието од Нобл Пак и првиот Скај Јунајтед.
Во сабота, на 9 јули, Нобл Парк игра во гости кај Ендевор Хилс Фајр со почеток во 15 часот.

Бандура Јунајтед – Пленти Вали Лајонс 4:1

Четврта државна лига на Викторија север, 13 коло
Изненадувачки пораз на Леринчани од екипа која после 13 одиграни натпревари ја забележа првата победа и има сега само четири бодови. Изгледа оваа сезона Пленти Вали ќе мора да се бори да не се најде во позиција каде се испаѓа од лигата. Остануваат уште девет кола и ќе треба да се освојуваат бодови за подобра позиција.
Во сабота, на 9 јули, Пленти Вали Лајонс на домашен терен ја пречекуваат екипата на Бандура Иглс Кери со почеток во 15 часот.

Лајло Јунајтед – Мелбурн Сити ФК 4:4

Трета државна лига на Викторија северо–запад, 13 коло
Инатересна средба во која беа постигнати дури осум голови. Што е најважно освоен е бод но се уште постои опасност да се влезе во опасната зона.
Во сабота, на 2 јули, Лајло Јунајтед Слога игра заостанат натпревар со гостувањето кај Витлси Јунајтед со почеток во 15 часот.

Џилонг Македонија – Есендон Јунајтед 7:1

Втора државна лига на Викторија северо–запад, 13 коло
Во натпреварот очигледна беше разликата во квалитетот меѓу двете страни. Нашиот Џилонг целосно ги прегази гостите со седум голови, во кои како стрелци се запишаа: Л. Бентли 2, С. Мекилрој, Џ. Талев, Т. Метју, С. Мекилрој и Д. Делиќ. За гостите утешителниот гол го даде С. Перез.
Сега Џилонг Македонија е убедливо на првата позиција со 8 бодови разлика од второпласираната екипа на Есендон Ројалс.
Следната недела ќе си играат заостанатите натпревари во лигата, а Џилонг Македонија има пауза и игра дури следната седмица во сабота, на 9 јули, гостувајќи кај Спортинг Витлси со почеток во 15 часот.

Дајмонд Вали - Алтона Меџик Вардар одложенo

Прва фудбалска лига на Викторија -13 коло
Средбата од 13-то коло на Првата фудбалска лига меѓу Дајмонд Вали и Алтона Меџик Вардар не се одигра поради лошиот терен, натпреварот немаше услови да се одигра.
Првенството продолжува за две недели, кога на 9 јули ( в сабота) Алтона Меџик Вардар на својот терен игра со Бенол, со почеток во 17,30 часот.

Вестгејт ФК – Сиднам Парк Македонија 3:3

Прва државна лига на Викторија сееро–запад, 13 коло
Со еден играч помалку од 20 минута сепак Сиднам Парк Македонија успеа на крајот да освои бод. Нашата Сиднам Парк дојде прв до водство преку голот на Даниел, и тој резултат се одржа во првите 45 минути.
Во второто полувреме домаќините направија силен притисок и резултатот се смени на 3–1 за Вестгејт. Како спасители за Сиднам Парк Македонија беа Стивен и Делев кои успеаа до крајот да го изедначи резултатот на 3–3.
Во сабота, на 9 јули, Сиднам Парк Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Алтона Ист Феникс со почеток во 15 часот.

Параолимпијката Лисл Теш е ограбена среде бел ден

Членката на параолимпискиот кошаркарски тим од Австралија Лисл Теш е ограбена за време на рекреација во Рио де Жанеиро во среде бел ден...

Хјуит не може без тенисот, ќе игра во дубл на Вимблдон

Австралискиот тенисер Лејтон Хјуит официјално се повлече од тенисот, но, сепак, не сметаше дека 'пензијата' ќе му падне така тешко.

Алтона Меџик Вардар - Канли 6:1 (4:0)

Прва фудбалска лига на Викторија -12 коло
Лидерот на табелата забележа сигурна и убедлива победа од 6:1. Гостите примија гол уште во првата минута, буквално во првите 20 секунди, кога Хејн упати одличен центаршут на првата статива, натрча Мек Шејн и со силен удар ја погоди мрежата.

Сиднам Парк Македонија – Престон Македонија 1:1

Престон Македонија

Прва државна лига на Викторија северо–запад, 12 коло
Македонскот дерби во кое во првото полувреме надмоќни беа гостите кои создадоа повеќе шанси и доминираа во играта. Бале Мицовски ја искористи доминацијата и постигна убав гол со глава за водство на Лавовите во 30 минута.