ВО ИРАН АПОКАЛИПСА, УМИРААТ ЛУЃЕ: Силни снежни врнежи, поплави и песочни бури ja зафатија земјата

Песочни и снежни бури предизвикаа поплави во Иран. Лошите временски услови во земјата го нарушија вообичаениот ритам на живот на жителите во северниот и јужниот нејзиниот дел.

Во половина од 31 провинции во земјата училиштата се затворени – поради снегот во северниот дел и поплавите и песочните бури во јужниот. Во северен Иран снежната покривка на места достигна 2 метри. Изолирани се стотици села во провинциите Курдистан Источен Азербејџан и Гилан.
Силни дождови во јужниот дел на земјата предизвикаа поплави во провинциите Хузестан, Фарс, Керман, Хормозган и Систан и Белуџистан. Маж на 40 години, кој сакал да си направи селфи, бил збришан од поплавите. Друг загинал во поплавите во провинцијата Бушехр. Неколку лица загинале од лавини во северниот дел на земјата во последните две недели.