Ким Jонг-нам убиен со смртноносен нервен агенс Ве-Икс

Малезиската полиција соопшти дека полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун, Ким Jонг-нам е убиен со хемиски нервен агенс Ве-Икс (VX), кој е пронајден во неговото тело и сега истражува како таа хемикалија влегла во земјата.

Станува збор за еден од најсмртоносните хемиски оружја, кое е создадено од човек, а САД го класифицираат како оружје за масовно уништување.
Само 10 милиграми од тој нервен агенс или една капка може да убие за неколку минути, наведуваат експертите.
Ве-Икс е без вкус и мирис, така што личноста која е изложена на него воопшто не е свесна за тоа и тешко можат да го детектираат аеродромските сензори, доколку се внесе во мали количини. Симптомите по контактот со Ве-Икс во форма на испарување се појавуваат по не може да предизвика грчеви и тресење на телото, губење на свеста, парализа и задушување во рок од неколку минути.
Тешко се произведува, но се знае дека неколку земји го произведуваат и поседуваат, а САД и Русија се уште имаат резерви од овој нервен агенс.
Ким Jонг-нам (46) е убиен на 13 февруари на Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур со отров со брзо дејство додека се подготвувал да се качи во авион за Мароко, каде живеел во егзил со семејството, под заштита на Пекинг.