Вучиќ: “Aко останат провалиите на балканот – нема да дојде возот на Tесла”

Се сменивме и подготвени сме да се менуваме бидејќи смееме и умееме да направиме чекор напред со кој, од митологија се помунува во иднина, од несреќа во среќа. Oва го кажа на свеченоста по повод инаугурацијата претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

"Србија во која денес дојдовте престана да се надева на смртта и почна да го сака животот, оцени Вучиќ порачувајќи – Ние сме таа генерација која сфати дека за секој проблем, мораме да пронајдеме решение, ние сме генерација на која не и преостана ништо друго, туку да престане да војува и да почне да учи да работи".
Посакувајќи добредојде на пријателито од странство, но пред се на граѓаните на Србија, Вучиќ рече дека како добар домаќин мора да кaже нешто за Србија која е земја на добри, храбри, понекогаш и претерано храбри луѓе, заклучувајќи дека луѓето се всушност она што е најважно за Србија.
"Поминавме се, а никаде се уште не сме стигнале. Често сакаме да стоиме во место, убедени дека се се врти околу нас, дека знаеме за било што повеќе од некој друг, но љубоморно тоа одбиваме да го применуваме или бар самите со себе да го поделиме", рече Вучиќ.
Мир со себе и мир со сите други. Разговор со себе, баш како и разговор со сите други, рече претседателот додавајќи дека повеќе нема теми за кои не сакаме да разговараме и нема провалии спрема другите за кои не сме подготвени да ги премостиме.
"А тој збор провалија, запамтете е клучен збор, историски збор на овие простори, затоа што Балканот е полн со провалии кои ги затрупувавме со сопствените коски, градејќи врз нив пусти, разнишани соништа. И полн е со провалии, кои ги полневме со сопствена крв, натопувајќи ја во неа секоја надеж" - рече Вучиќ.
"Денеска е време за мостови преку длабоките провалии на нашето минато, порача и додаде дека време е за патишта, за оние патишта со кои засекогаш го напуштаме несреќното и распарчено минато и по кои се оди во заедничко утре".
Затоа сакам да им кажам на сите наши комшии на Западниот Балкан - од кој според мене од непозната причина сите се обидуваме да побегнеме, срамејќи се, неретко и од себе и од другите дека Србија ќе се обиде со сите вас да гради мостови на пријателство и нова сила на Европа и светот, рече Вучиќ
Како што рече новиот српски претседател, "сами колку и да сме јаки, таа сила ја немаме а заедно можеме повеќе".
"Да, ние Србите и вие Хрватите, Бошњаците, Црногорците, Албанците и Македонците заедно можеме планини да поместиме, не правејќи никава нова Југославија, но работејќи заедно и борејќи се заедно за подобро утре на нашите сиромашни граѓани. Да, ние успеавме со нашите унгарски пријатели да направиме најдобри односи и да, границата ја обезбедуваме заедно со австриските полицајци. Ама тоа не е доволно", рече Вучиќ.
Тесла одамна го нема, рече Вучиќ и подвлече дека постои денес како величенствено име во историјата на целиот свет и можеби уште поважно како огромна компанија која прави елетрични автомобили, планира патување во вселената и ги изведува првите проби на возови кои треба да се движат со суперсонична брзина. "Ама тие возови утре нема да свратат ни во Србија, ни во Хрватска, ни во Македонија, Црна Гора, Босна, Албанија, ако ние не им дадеме простор за тоа и ако провалиите останат меѓу нас", рече Вучиќ.
Не сакаме провалии и во односите со големите сили, порача Вучиќ.
"Тие нека ги играат своите игри, ние простор за тие игри немаме. Се наоѓаме со наша одлука на европскиот пат, бидејќи сакаме да припаѓаме на општествата на уредени земји, да градиме добри односи со западниот свет по децениските проблеми, вклучувајќи и добри односи со САД", рече Вучиќ во својот говор на неговата инаугурација.