Фрлени пари – Најскапиот носач на авиони на САД неспособен за борба

Најновиот и најскап носач на авиони во историјата на САД – „Џералд Форд"- како што се испостави, не е воено способен, соопштува Блумберг, повикувајќи се на документи од американската воена морнарица.

Како што наведува агенцијата, бродот и не така одамна „со пумпа" е предаден во Военото воздухопловство и бил пофален од страна на претседателот на САД Доналд Трамп.
Веќе за две недели стана јасно дека „Џералд Форд", не ја исполнува својата основна функција – прифа­ќање и испраќање на ловечки авиони.
Според документите, поради потребата на елиминација на техничките проблеми, цената на аерофинишот (состав кој го осигурува приемот во воздух при слетувањето) пораснало од 301 милиони до 961 милиони долари.
На почетокот на јуни американската воена морнарица го доби најголемиот носач на авиони „Џералд Форд", кој чинел 13 милијарди долари, и се сметал за најскап воен брод во светот. Притоа, според податоците на Пентагон, бродот ќе биде подготвен за целосна експлоатација дури во 2020 година.
До тој период бродот треба да изврши неколку турнеи на море поради проверка на борбениот и инжинерскиот систем. Тоа не е првиот проблем со американскиот најнов воен брод. Минатата есен, веднаш по излегувањето од бродоградилиштето, се расипал и високотехнолошкиот „невидлив" разорувач „Замволт".
Дефектот, притоа, не е единствениот проблем на „Замволт". Бродот стана многу скап за експлоатација дури и по мерилата на американската војска. Така, едно топовско полнење на топот Канонбал со кој е опремен, чини околу 800.000 долари, при цената на самиот брод од 4,4 милијарди долари.