Сириската војска открила американско и британско хемиско оружје

Во напуштени складишта на бунтовниците се откриени хемиски супстанци кои укажуваат дека им биле испорачани на терористите во Сирија од страна на Велика Британија и САД, изјави сирискиот заменик министер за надворешни работи Фајсал Макдад.

– Сите пронајдени специјални средства, вклучувајќи рачни бомби и ракети, содржат супстанци за иритација ЦС и ЦН. Откривањето на хемиското оружје покажува дека тоа е произведено во лаборатории на територијата на САД. Хемиските супстанци ги произвеле британската и американската компанија „Черминг Дефенс УК" и „НонЛетал Технолоџис", истакна Мекдад на прес-конференција.
Според него, хемиските супстанци се пронајдени во складишта на бутовниците во Алепо и „ослободената територија" источно од Дамаск.