Го нарекуваат еликсир на долговечноста, а можете да го направите дома

Овој релативно едноставен рецепт го нарекуваат еликсир на долговечноста, а не само што за него не ви се потребни многу пари, туку можете да го направите и сами дома.
Всушност, можете да побарате во фрижидерот или да тркнете до локалната продавничка и да се обидете да го направите уште денес.

Еве што ви е потребно:
- 2см корен од ѓумбир
- 4 моркови
- 3 јаболки
- Сок од половина лимон
Начин на подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер, а се препорачува да се пие наутро и тоа веднаш откако ќе се направи.
Зошто е толку добар?
Ѓумбирот го намалува нивото на холестерол, а морковот е одличен за вашите срце, заби и очи и го намалува ризикот од срцев удар. Јаболката го подобруваат имунитетот, одлични се за слабеење и ја стимулираат работата на бубрезите, црниот дроб и жолчката, додека пак лимонот го намалува крвниот притисок, прочистува од токсини. Исто така ја намалуваат болката од артритисот и позитивно делува во борбата против инфекциите на усната шуплина и јазикот.