Пет работи кои не смеете да ги правите после јадење

После оброкот сите би сакале да се одмориме гледајќи добар филм или серија. Но, помалку познато е дека тоа е многу штетна навика.
Ова се неколку работи кои не смееме да ги правиме после оброкот, затоа што можат да резултираат со посериозни здравствени компликации.

1. Спиење
Одењето на спиење веднаш после оброкот, може да му направи тешкотија на организмот преку гасови, неудобност и лош сон. Истражувања од медицинските факултети покажале дека луѓето кои чекаат најдолго додека не заспијат после оброк, имаат најмалку шанса да добијат мозочен или срцев удар.
2. Цигари
За жал оваа навика сè уште ја практикуват многу луѓе. Покрај што е генерално штетна, таа е уште полоша доколку ја практикувате после оброк. Никотинот во цигарите се врзува со вишокот кислород кој му е потребен на телото за варење на храната и така никотинот за време на овој процес се апсорбира многу повеќе во телото. Истражувањата велат дека штетата од една цигара после оброк, е еднаква како од 10 цигари испушени одеднаш.
3. Туширање
Кога се тушираме нашето тело се здобива со поголема количина на крв во рацете и нозете, со што ја намалува количината на крв во стомакот, оневозожувајќи телото да ги апсорбира потребните состојки.
4. Овошје
Најверојатно мислите дека овошјето може да се јаде во секое време. Всушност, овошјето е најдобро да се консумира на празен стомак. Ова е така, бидејќи овошјето бара посебни ензими за да се разгради и едноставните шеќери од овошјето бараат време за целосно да се апсорбираат во крвотокот. Доколку го јадете на полн стомак, не е во можност да се свари и потребните состојки нема да се разградат.
5. Чај
Доколку консумирате чај после оброкот, ќе му оневозможите на организмот да го апсорбира потребното железо од храната. Теинот кој го има во чајот се врзува со протеините и железото во нашата исхрана. Апсорпцијата на железото се намалува за 87% и може да резултира со анемија, бледа кожа, вртоглавица, ладни раце и стапала, кршливи нокти и намален апетит.