Модерна навика која тивко ја убива вашата врска

Колку пати го проверувате телефонот додека разговарате со партнерот? Најверојатно многу повеќе од што би можеле да претпоставите.

Сепак, дали знаете дека полека, но сигурно оваа модерна навика влијае негативно врз вашата врска?

Универзитетот од Тексас спроведе истражување врз 450 луѓе и откри дека дури 46 процени од испитаниците имаат проблем со оваа навика, а 22 проценти имале сериозна караница поврзана со истата.

Терминот кој што се употребува за да се опише оваа зависност од телефонот е наречен „phubbing" и за прв пат бил воведен во 2013-та.

Класичниот зависник од телефонот ги има следните „симптоми":

Секогаш го користи телефонот кога е со партнерот
Сите разговори со партнерот се кратки затоа што телефонот е приоритет
Престанува да обрнува внимание на партнерот кога на телефонот ќе добие нотификација
Ги пополнува празнините за време на разговорот така што го проверува телефонот
Зборува на долго и широко на телефон дури и кога партнерот е присутен.
Со цел една врска да биде успешна неопходно е и двајцата партнери да се достапни еден за друг, да се вклучуваат во разговорот и да се обидат да го разберат гледиштето на својот партнер односно партнерка.

Кога постои phubbing луѓето стануваат сè понезадоволни во комуникацијата затоа што не поминуваат квалитетно време со партнерот. Освен тоа сметаат дека партнерот не може да ги разбере нивните потреби и не е заинтересиран за нивните чувства.

Затоа следниот пат кога ќе посегнете по телефонот додека вашиот сакан или сакана зборува со вас, размислете два пати. Телефонот сигурно не е поважен од оној што седи спроти вас.