Осаменоста убива повеќе од прекумерната тежина

Тагата од тоа што не сте нашле соодветен животен партнер, лесно може да ви го скрати животот и тоа во буквална смисла на зборот.

Според неодамнешните истражувања, осаменоста е исто толку ризична по нашето здравје како што е и преголемата телесна тежина. Доколку постојано сте изолирани или пак едноставно живеете сами, ризикот да починете на порана возраст е значително поголем.
-Постојат цврсти докази дека социјалната изолација и осаменоста значително ја зголемуваат прераната смртност. Големината на ризикот ги надминува многу од главните здравствени индикатори, вели авторот на студијата Џулиан Холт – Лунстад од Brigham Young Универзитетот од Јута.
Според Лунстад, општествената поврзаност е една од основните човечки потреби кои се неопходни за добро здравје, а воедно и за опстанок.
Интересно е да се забележи дека токму осаменоста може да направи поголем проблем за нашето здравје, отколку вишокот на килограми.