Факти за сливите кои не сте ги знаеле

Иако сливите одамна се користат во кулинарството и во производство на многу домашни намирници, често неоправдано се сметаат за многу обично овошје. Сепак, тие се еден вид на „супер овошје". Се прашувате зошто?

-Богати се со витамин Ц, а во значајни количини содржат и витамин Б, Е и К.
-Покрај витамините, сливите содржат и многу минерали, калиум, фосфор, железо, магнезиум, калциум...
-Познато е дека сливите предизвикуваат храната подобро да се свари и помагаат при запек, бидејќи се богати со влакна, кои исто така го урамнотежуваат нивото на холестерол во крвта.
-Сливите се извор на антиоксиданси кои ги штитат телесните клетки од оштетувања и делуваат противвоспалително. Некои истражувања покажале дека само една слива содржи еднаква количина на антиоксиданси како една дланка полна со боровинки.
-Поради хранливите состојки, сливите го зајакнуваат имунитетот и влијаат позитивно врз здравјето на срцето, здравјето на коските, го прочистуваат црниот дроб, го подобруваат видот, расположението и памтењето.
-Иако содржат големо количество на овошни шеќери, имаат низок глицерински индекс, односно само 46 калории во 100гр сливи.
Совет: Оние сливи кои ќе ги јадете во текот на денот може да ги чувате и на собна температура, додека останатите во фрижидер. Може да ги ставите во пластична вреќичка за да стојат подолго време.