Придобивки за телото при престој во природа

Ако го дознаете начинот на кој ќе го подобрите расположението, ќе живеете подолго, ќе бидете попродуктивни, а физичката активност ќе ви биде полесна и сето тоа ако го добиете бесплатно, дали би помислиле дека е премногу добро за да биде вистинито? 

Науката, сепак, не лаже. Едноставно е потребно да поминувате време надвор и со тоа вашето тело и ум ќе имаат низа позитивни придобивки. Многу е важно да поминувате време во природа. Еве зошто:

Ќе ви се подобри расположението

Истражувачите откриле дека луѓето што поминуваат 90 минути во природа имаат значително подобрување во регионот во мозокот поврзан со депресија. Поминувањето време во природа ги намалува нивоата на кортизол, хормонот на стрес. Со релаксацијата во природа ќе успеете и да ја намалите анксиозноста, па ќе се чувствувате пријатно и расположено.

Мозокот е фокусиран и бистар

Лесно е да се изгубиме во обврските и секојдневието. Но интеракцијата со природата, па дури и само да гледате во фотографии од природа и пејзажи, ќе ви помогне да ги подобрите фокусот и меморијата до 20%.

Исчезнување на воспалителните процеси

Газењето бос во природа е докажано дека ги намалува болката и воспалението. Студиите исто така покажале дека поминувањето време во природа е одлично за зајакнување на имунитетот.

Подобар сон

Научниците од Универзитетот во Колорадо неодамна потврдиле дека кампувањето е одличен начин за борба со несоницата. Спиењето под отворено небо го регулира нашиот внатрешен часовник. Со подобрување на сонот ќе ви се подобри и расположението и ќе функционирате нормално.

Започнувате да мислите креативно

Изложувањето на свеж воздух и прошетките во природа се одлични за стимулирање на креативното размислување и за решавање проблеми.

Вежбањето изгледа полесно

Студија покажала дека група луѓе што оделе на планинарење 45 минути се чувствувале будни, концентрирани, свежи и помалку изморени од оние што вежбале во затворен простор.

Апсорпција на витамин Д

Во градските средини има недостиг на овој витамин, а тоа може да доведе до депресија и замор. Сончевите зраци ја стимулираат синтезата на витаминот Д, па само 10 минути на сонце може многу да ви помогнат.

Подолг живот

Истражувачите од „Харвард" набљудувале 108.000 жени во текот на 8 години, па откриле дека кај оние што живееле во зелени средини имало за 12% помалку смртност отколку кај оние што живееле во урбани средини. Не се инсистира на селење во природа, но поминување квалитетно време во зеленило дефинитивно се препорачува.