Ефикасни лекови против ‘рчење

'Рчењето е непријатна појава која може да го наруши спиењето и да предизвика болки во грлото. Доколку и вие го имате овој проблем и сакате на природен начин да се решите од него, тогаш пробајте ги овие домашни производи. 

Нане - Ова растение ги отвора каналите во носот и грлото и на тој начин го олеснува дишењето, што е многу важно ако сакате да го ублажите грчењето. Во една чаша млака вода, додадете три капки етерично масло од нане. Со оваа мешамина пред спиење направете гаргара.

Маслиново масло - Маслиновото масло го опушта ткивото и го намалува отокот на слузницата. Исто така, ова масло го намалува триењето предизвикано од вибрациите на ткивото кое го предизвикува 'рчењето. Измешајте половина лажичка мед и иста количина на маслиново масло. Од оваа мешамина консумирајте секоја вечер, пред спиење.

Кардамон - Семето на ова растение од памтивек се користи во индиската кујна, а освен што им дава пријатен мирис на јадењата, има голем број на позитивни здравствени придобивки. Кардамонот го олеснува дишењето. Во чаша топла вода ставете половина лажица кардамон во прав и промешајте. Напијте се од оваа мешавина половина час пред спиење.