Болницата Сент Џорџ во Сиднеј доби ПЕТ Скенер вреден 3.5 милиони долари

Убава вест пристигна од болницата Сент Џорџ во Сиднеј. Ни се јави др. Зоран Бечваровски и потврди дека е добиен апаратот за рано откривање на ракот наречен ПЕТ Скенер.

Апаратот чинеше 3.5 милиони долари и е дониран од Гасниер Фондацијата за која македонската заедница во организација на Австралиско Македонската Медицинска Асоцијација собра повеќе од сто илјади австралиски долари.
Апаратот е пуштен во употреба од страна на министерот за здравство на Нов Јужен Велс Бред Хазард, а присутни беа и Марк Гасниер и др Зоран Бечваровски, специјалист за уво, нос и грло во болницата Сент Џорџ.