Дана Рохрабакер се правда, не мислел да ги навреди македонците

ВАШИНГТОН - Републиканскиот конгресмен на Калифорнија и претседавач на поткомитетот за Европа, Евроазија и опасности во пораст, Дана Рохрабакер, се сретна со претставници на ОМД по шо ја објави следната нова изјава во врска со неговата неодамнешна, контраверзна и широко цитирана изјава за Македонија:

На крајот на едно неодамнешно интервју, направив многубројни неформални искази за Република Македонија. Неодамна согледав дека некои од тие искази погрешно ја пренесле мојата намера. Оваа изјава ја појаснува мојата позиција. Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на границите. Мојот коментар алудираше, можеби погрешно, на мојата загриженост кон предизвиците во внатрешното владеење со кои Македонија се соочува во врска со етничките малцинства.
Јас во никој случај не сакав да кажам дека некој друг, освен Македонците треба да го утврди суверенитетот или границите на Македонија. Ако моите зборови беа сфатени на друг начин, јас длабоко се извинувам.
Сакам да оддадам почит и да аплаудирам за позитивниот однос кој САД го има со Македонија. Македонија е вистински пријател на САД. Ова е особено видливо во значајната поддршката што македонската армија ја дава во текот на изминатите 20 години на САД, на НАТО, како и на придружните мултилатералните организации за одбрана, на мировните операции и операциите поврзани со бегалците во Авганистан, Ирак, Босна и Косово.
Имав можност да сретнам многу Американци (и Македонци) кои споделија со мене многу корисни историски факти и информации за Македонија и регионот, како и за сегашната динамика на истиот. Со нетрпение очекувам заедничка соработка во иднина и што е најважно, заедно, континуирано, да даваме се од себе за да помогнеме во формирањето на надворешната политика на САД, така што тоа ќе резултира со мирен, просперитетен и слободен Балкан.

Кенет Грабс
Директор за
комуникации
Конгресмен
Дана Рохрабахер,
48-ма изборна единица,
Калифорнија