Македонскиот јазик ќе се изучува во Lalor North College

После многу години во кои постојано се намалуваше бројот на училишта каде се изучува македонскиот јазик, најпосле имаме прекрасна вест за воведување на јазична програма во училиште каде има голема концентрација на Македонци во Мелбурн.

Благодарение на големата упорност и пожртвуваност на учителките во „Лалор Норт Колеџ", од идната учебна година ќе се воведе настава на македонски јазик во ова школо.
Во чест на овој голем успех во среда, на 22 март во 18:30 часот ќе се одржи бесплатна „Македонска музичка екстраваганза".
На овој настан каде е обезбедено јадење и разонода се поканува целата Македонска заедница да присуствува.
За БЕСПЛАТНИТЕ карти треба да се јавите кај Елизабет / Лиз на 9401 3888 или 0419 568 576 или 0425 772 976.
Бројот на места е ограничен затоа јавете се поскоро. Настанот ќе се одржи во Лalor North College на адреса 114 Child Road.
Запишувањето на учениците за 2018 година, во ова средно школо ќе биде убава погодност за децата кои од основно школо учат македонски јазик во Лајло прајмари, што се наоѓа во непосредна близина но исто така и за многу други што сакаат да учат македонски јазик и култура во нормална настава.
Координатор на програмата за македонски јазик во Lalor North College е Анета Вангелов, и голема благодарност треба да се искаже до директорот на школото Џон Конвеј и неговиот заменик Крис Пик.