Петдневна прошетка на пензионерите од Перт

Како секоја година така и оваа комитетот од пензионерската асоцијација Вардар од Перт организираше прошетка.
Оваа година во план беше да се посети убавиот град Албанс. Таму петте денови се поминаа во разгледување и одмор.

Во градот пензионерите го посетија музејот на борците од Западна Австралија, се видоа најубавите места наоколу, градскиот пазар, а се посети и градчето Денмарк.

Слободното време го поминуваа со играње на карти, слушање на македонска музика со играње на македонски ора. Сето тоа го правеа со заедничката скара и така до раните утрински саати пензионерите се веселеа.
По патот за Перт пензионерите го замолија организаторот Киро Николоски да направи план за друго шетање кога и каде ќе се одржи.