Петгодишно дете од Австралија преживеа пад од трети кат од балконот на баба и во Македонија

Петгодишната Ванеса Ническа, од Еленбрук североисточно предградие на Перт, доживеала тешка несреќа со повреди на мозокот, откако паднала од терасата на нејзината баба за време на одморот во Македонија, извести ТВ канал 7 од Западна Австралија.

Според австралиските медиуми, минатата недела Ванеса си играла со столче на балконот на нејзината баба, но одеднаш изгубила рамнотежа и паднала од третиот кат, здобивајќи се со сериозни повреди на главата и мозокот.
Нејзината тетка Алиша Семерџијан изјави дека петгодишната Ванеса се качила на столчето но потоа ја изгубила рамнотежата и паднала од третиот кат. Повредите на мозокот биле многу сериозни, па малото девојче било веднаш пренесено на операција на Хирургија. Повредите се стабилизирани дури по шест и пол часовна операција.
Нејзината тетка вели дека сега Ванеса е добра, јаде, пие, па дури побарала да и донесат праска. Сепак состојбата е се уште сериозна:
"Во моментов има инфекција во мозокот, па затоа докторите ја зголемиле дозата антибиотици" - изјави Семерџијан.