Чанти и училишен прибор за првачињата во Дебрца

ДОНАЦИЈА ОД ФОНДАЦИЈАТА "КАПИНКОВ" ОД ПЕРТ
Минатава недела во Oп­штина Дебрца, познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија g-дин Драган Капинков ја предаде донацијата од фондацијата "Капинков".

Г-дин Капинков се погрижи сите првачиња запишани во ОУ Дебрца да имаат комплет училишен прибор и чанти за новата учебна година.
За оваа донација која се реализира веќе традиционално неколку години наназат, градоначалникот Трај­ко­ски се заблагодари и се надева дека ќе продолжи и во наредните години.