Почина Ристо Пеов

1943 - 2017
На 19 август 2017, на 74-годишна возраст, по долго боледување, почина Ристо Пеов, сопственик на хотелот "Епинал" во Битола, хотелот "Бистра" и Спорт­скиот ресорт и ски-центар во Маврово.

Ристо Пеов е роден во 1943 година во село Бапчор, Егејскиот дел на Македонија. Тој е еден од првите повратници од Австралија, кој во родната Македонија се врати во 1992 година. Ристо Пеов беше инвеститор во угостителството, почнувајќи со "Ле Гранд" казината во Скопје и во Битола, а потоа и во хотелите во Маврово и Битола.
Ристо Пеов го развиваше Спортскиот и ски-центар во Маврово. Важеше за влијателен и амбициозен бизнисмен со визија за развојот на туризмот и угостителството во Македониja. Беше почитуван член на Македонската заедница во Западна Австралија.
Комеморација во Битола ќе се одржи на 21 август 2017 година (понеделник) со почеток во 14 часот во хотелот "Епинал".