Новаковиќ е обвинет за убиството на Димовски во ресторанот ”Корзо”

Милош Новаковиќ (29) е обвинет за убиството на Дени Димовски (31) за време на тепачката во ресторанот „Корзо" во западниот дел на Мелбурн.

Димовски неколку пати беше прободен со нож и почина од повредите.
На сослушувањето во судот Новаковиќ се соочи со обвинението за убиство, напад и обивање.
Според полицијата Новаковиќ со уште неколку лица упаднале во ресторанот за време на забавата по што настанала тепачка во која настрада Димовски.
Новаковиќ за време на краткото сослушување бил смирен и не побарал ослободување од притворот со кауција. Тој ќе остане во притвор сè до рочиштето закажано за 12 февруари наредната година.