Денот на независноста на Mакедонија во Сиднеј

Македонците од Сиднеј минатата недела во сиднејското предградие Рогдејл по петти пат ја организираа централната прослава по повод 26-та годишнина од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Уште во 10 часот на King Street, во срцето на Рог­дејл, се запеа песната македонска, се разлеа пискотот на гајдата, а тапаните го даваа одекот на камбаната на МПЦ која се наоѓа во непосредна близина.
Центарот на Рогдејл една недела пред почетокот на прославата и уште недела дена после прославата е во црвеножолтиот колорит, се веат македонските знамиња.
Од пред зградата на собранието на општината Baiside, коњаникот Кире Циревски со развиорено знаме придружуван од фолклорните групи, со музика на тапан, сурла и гајда го предаде знамето на Амбасадорот Веле Трпевски и му го честита празникот.
Со интонирањето на Австралиската и Македонската химна Амбасадорот Веле Трпевски го подигна знамето на јарболот. Господинот Трпевски одржа и пригоден говор за значењето на празникот.
Членовите на литературното друштво Григор Прличев од Сиднеј Иван Трпоски и Марија Александрова читаа свои песни.
Кире Циревски ја изведе монодрамата „Гоце" а потоа прочита реферат за празникот.

К.Ц.